Пробиштип (Новости): Соопштение – Водици 2026

објавено во Општински вести | 0
По повод православниот христијански празникБогојавление – Водици, на19.01.2026 година (понеделник)ќе се одржи традиционалната манифестација„Чествување на Водици“во Злетово и Пробиштип.

ВоЗлетово, настанот ќе започне во07:30 часотна локацијата „Пешка“, каде ќе се изврши осветување на водите на Злетовска Река и потопување на светиот крст. Светата литургија во црквата„Пресвета Богородица“ќе започне во06:00 часот.

ВоПробиштип, манифестацијата ќе се одржи во11:00 часотнаАква паркот, каде ќе се осветат водите во градскиот базен и ќе се одржи традиционалното капење по светиот крст. Светата литургија во црквата„Успение на Пресвета Богородица“ќе започне во08:00 часот.

По завршувањето на литургиите, од двете цркви ќе се тргне со свечена литија кон местата на одржување на настаните, каде ќе се изврши чинот на осветување на водите и потопување на светиот крст.

Ги известуваме ситемладоженци кои во текот на изминатата година стапиле во брак, како исите граѓани кои имаат желба да учествуваат во капењето по светиот крст, дека е задолжително да извршат пријава во црквите во Пробиштип и Злетово.

Пријавувањето ќе се вршиод 16 до 18 јануари 2026 година, секој работен ден, во период од09:00 до 16:00 часот. Лицата кои нема да бидат пријавенинема да можат да учествуваатво капењето по светиот крст.


Извор: Општина Пробиштип