Во фаза на изведување на градежните работи ќе се користи градежна механизација од различен вид – градежни машини за ископ, камиони за транспорт, грејдери, ваљаци и сл.
Со цел непречено изведување на градежните работи, ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација, согласно проектот за времен режим на сообраќајот одобрен од МВР СВР Велес и издадено одобрение на проектот за времен режим од страна на Општина Велес.
Се замолуваат граѓаните на Општина Велес да не ги паркираат возилата на споменатиот опфат за работа за да не го отежнуваат изведувањето градежните активности. Исто така се замолуваат граѓаните да ги почитуваат знаците од поставената сообраќајна сигнализација и да покажат трпение и разбирање за време на изведување на градежите зафати.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Велес. Сите информации за градот и околината на едно место.
Извор: Општина Велес