Македонска Каменица (Соопштенија): 100 ДЕНА – ТЕМЕЛИ, НЕ СПЕКТАКЛ

објавено во Општински вести | 0
Првата мерка беше исплата на:3.000 денари за секое прваче20.000 денари за секој ученик запишан во прва година средно образованиеГо зголемивме надоместокот за новороденчиња:од 20.000 на 30.000 денари за првородено дете во годинатаод 10.000 на 15.000 денари за секое новородено детеИ воведовме дополнителни 50.000 денари за трето, четврто и секое следно дете во семејството.Доделени се 20 стипендии за основци, средношколци и студенти – секоја во вредност од 30.000 денари.За ученички униформи во основното образование се предвидени 1.200.000 денари.Во јануарскиот повик за спортските и невладините здруженија се доделени 8.400.000 денари.За првпат во буџетот се издвоени 3.500.000 денари за кофинансирање на услугата „Нега во сопствен дом“, во партнерство со ЗГ „Здравец 2002“ и Министерството за социјална политика, демографија и млади.Во текот на годината ќе продолжиме со помош за болни лица на лекување, поддршка за едно родителски семејства, самохрани родители и деца без родителска грижа.ПРОБЛЕМОТ СО БЕЗДОМНИ КУЧИЊА


Извор: Општина Македонска каменица