Кривогаштани: Општина Кривогаштани продолжува да ги поддржува успешните ученици

објавено во Општински вести | 0
На седницата на Советот на Општина Кривогаштани одржана на 14 април 2026 година, беше донесен Правилникот за начинот, условите, критериумите и постапката за доделување на признанија и награди во Општина Кривогаштани, со кој се предвидува парично наградување на учениците кои постигнале значајни резултати на државни и меѓународни натпревари.

Висината на паричната наградатаизнесува:

🥇 Прво место – 7.000 денари🥈 Второ место – 4.000 денари🥉 Трето место – 3.000 денари

Со оваа мерка ја потврдуваме нашата заложба за вреднување на трудот, знаењето и успехот на младите, како и за поттикнување на нивниот понатамошен развој и напредок.

Ги повикуваме учениците и нивните родители да го искористат ова право и да поднесат барање согласно условите предвидени во Правилникот.

Честитки до сите ученици кои со своите успеси достојно ги претставуваа своите училишта и Општина Кривогаштани.


Извор: Општина Кривогаштани