Делчево (Новости): Покана за работна средба со бизнис заедницата

објавено во Општински вести | 0
Градоначалникот на Општина Делчево упатува покана до бизнис заедницата и претставниците на компаниите од општината за учество на работна средба, со цел унапредување на соработката и зајакнување на односите помеѓу бизнис секторот и Општина Делчево.

Бидејќи општината е мост меѓу компаниите и централната власт, потребна ни е интензивна меѓусебна соработка да создадеме поволна деловна средина со можност за директна комуникација, вмрежување и подобро информирање за можностите за соработка.

За таа цел, на 16.02.2026 год. со почеток во 12 часот, во салата во Општина Делчево, Ве покануваме да дојдете и да земете учество на оваа работна средба и заедно да споделиме идеи, со конкретни прашања и решенија за унапредување на нашата соработка, соглесно следната

12.00 – 12.05 – Обраќање на Градоначалникот за добредојде

12.05 – 12.15 – Можности на општината за соработка со Бизнис секторот- обраќање на раководителите во ЕЛС Делчево

12.15 – 12.25 – Информирање за можности за проекти за Бизнис секторот

12.25 – 13.30 – Отворена дискусија со предлози и идеи од Бизнис секторот до општината

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево