Ѓорче Петров: НОВО МУЛТИФУНКЦИОНАЛНО ВОЗИЛО СО МУЛЧЕР – ВЕЌЕ НА ТЕРЕН!

објавено во Општински вести | 0
Воведуваме поодржлив пристап кон животната средина – преку мулчирање, процес со кој органската маса се враќа во почвата, придонесувајќи за нејзино природно збогатување и намалување на отпадот.

Во таа насока, набавено е ново мултифункционално возило – специјализиран мулчер, наменет за поефикасна работа на терен и подобро одржување на јавните зелени површини.

Побрзо косење и уредување – без чекање

Помалку отпад – тревата и гранките се враќаат во почвата

Порамни и поубави зелени површини за сите

Конкретни чекори што носат видлива разлика на терен – почисто, поуредено и пофункционално Ѓорче Петров.


Извор: Општина Ѓорче петров