Радовиш (Проекти): Доделени решенијата за субвенционирање на возачка дозвола

објавено во Општински вести | 0
Градоначалникот на Општина Радовиш,Љупче Почивалец, денеска во Музејот на љубовта и уметноста ги додели решенијата за субвенционирање на возачка дозвола од Б категорија на 91 барател.

Субвенциите се доделени согласно јавниот повик на Општина Радовиш, кој беше објавен во периодот од 05.02.2026 до 06.03.2026 година.

Со оваа мерка, Општина Радовиш продолжува со поддршка на младите и олеснување на трошоците за стекнување на возачка дозвола.


Извор: Општина Радовиш