Чаир (Новости): Целосна трансформација во Дижон: Проектот влегува во завршна фаза

објавено во Општински вести | 0
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, извршија увид во напредокот на работите во населбата Дижон, каде што се реализира еден од најсеопфатните инфраструктурни проекти во општината.

Проектот опфаќа 18 улици и се наоѓа во завршна фаза на реализација. Инвестицијата вклучува изградба на нова фекална канализациона мрежа, нов водоводен систем и целосна реконструкција на улиците, со што се создаваат современи услови и нов стандард на живеење за жителите на оваа населба.

Фекалната канализациска мрежа е целосно завршена на сите улици и споредни краци, додека водоводната мрежа е при крај, со реализирани над 70% од работите. По нејзиното целосно завршување ќе следува технички прием од ЈП „Водовод и канализација“, како формален чекор кон финализирање на инвестицијата, по што ќе започне завршната фаза – асфалтирање на сите улици опфатени со проектот.

Со завршувањето на оваа фаза, Дижон ќе добие модерна, функционална и одржлива инфраструктура, како резултат на континуирани инвестиции и посветеност кон рамномерен урбан развој.


Извор: Општина Чаир