-Овој Саем на франкофонските држави го организираме во партнерство со Француската амбасада и Францускиот институт, со учество на сите наши основни училишта кои денес ги претставуваат франкофонските земји од целиот свет. Горда сум што во општина Кисела Вода имаме над 800 ученици кои го изучуваат јазикот, со што им отвораме реални можности за идна кариера во дипломатијата и науката. Мојата посветеност на оваа тема датира многу одамна, уште додека бев професор, а потоа и како пратеник и член на Пратеничката група за франкофонија, за што од францускиот амбасадор бев одликувана со титулата Витез од Редот на академските палми. Општина Кисела Вода останува силен поддржувач на овие вредности и на младите кои вложуваат во своето образование-истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска заблагодарувајќи им се на амбасадорите за присуството на денешниот настан.
– Денес не се обраќам само како амбасадор, зашто францускиот јазик се зборува секаде во светот, не само во Франција. Франкофонијата подразбира и различности. Иако често со мојот швајцарски колега кога разговараме зборуваме на француски и се разбираме, не секогаш ги употребуваме истите зборови. Да продолжите да го учите и зборувате францускиот јазик зашто во отвора многу можности. Изрази огромна благодарност до градоначалничката и училиштето што веднаш го прифатиле проектот-изјави францукиот амбасадор Н.Е. Кристоф Ле Риголер.
– Го забележувам целиот ентузијазам од сето она што го подготвиле учениците. Ве охрабрувам да го посетите штандот на Швајцарија што го подготвија учениците од ООУ “Круме Кепески”, навистина одлични работи подготвиле. За нас во Швајцарија францускиот јазик е многу значаен зашто е дел од нашиот идентитет и секој четврти граѓанин зборува француски. Повеќејазичноста е вистинско богатство за нашата земја. Франкофонијата за нас претставува отворен прозорец кон светот зашто во многу земји се зборува францускиот јазик. Среќен сум што тоа богатство се одразува овде и им честитам на организаторите -изјави швајцарскиот амбасадор Н.Е. Кристоф Зомер.
Извор: Општина Кисела вода