Разловци го добива овој уникатен архитектонски објект на свеченоста по повод 100-годишнината од Разловечкото востание кога бил поставен камен-темелникот на Спомен-домот „Разловечко востание“. Камен-темелникот го поставил тогашниот претседател на Советот на Месната заедница од Разловци, Костадин Дине Спасевски, а по 5 години, по повод одбележувањето на 105-годишнината од Востанието, на свечен начин бил пуштен во употреба.Историскиот музеј на Македонија на Домот му подарил постојана изложба посветена на Разловечкото востание, библиотека од неколку илјади книги што претставува и првата селска библиотека во Општина Делчево, а од ликовната колонија организирана во Разловци, сите уметнички дела ја красеа постојаната поставка на уметнички дела.
Објектот важи за значаен објект од повоената македонска архитектура, со традиционална архитектурата вклопена во руралниот пејзаж на с. Разловци, со користење материјали и форми кои потсетуваат на традиционалната македонска архитектура. Спомен-домот е виртуозно и уникатно архитектонско дело на архитектот, проф. д-р Ѓорѓи Константиновски кој во 1980 ја освои и првата награда за архитектонско решение на весникот „Борба“ на ниво на СФРЈ.
Годинава разловчани има и со што да се гордеат, бидејќи, конечно, ги огреа нивната некогашна гордост која го чува споменот на Разловечкото востание. Домот го доби својот заслужен нов лик. Онака, како што и доликува и на симболиката на објектот со кој денешните следбеници на храбрите востаници оддаваат почит кон ликот и делото на дејците на Востанието, но и неговото значење како прво вооружено востание во предилинденскиот период.
Денес по повод 150-годишнината од Разловечкото востание, по децении и децении пропаѓање и срам и за разловчани и за Општина Делчево, но и за државата, конечно, Спомен-домот доживеа конкрета реставрација, ревитализација и заштита.
Со поддршка на Владата и Министерството за култура и туризам прекуНационалниотконзерваторскицентар, се извршијаконзерваторско – реставраторскитеработизанепосредназаштитанаеденоднајзначајнитесимболинаотпоротнамакедонскиотнародзаслобода, Спомен-домотнаРазловечкотовостание. ВорамкитенацелоснатаобнованаСпомен-домот, сеизврширевидирањенапостојниотОсновенпроектзаконзервација и реставрација, неговопрогласувањезакултурнонаследство, како и непосредназаштитакоја е возавршнафаза.
Паралелносеработешеи напоставувањеновамузејскапоставкакојанаавтентичен и едукативенначинќејараскажеприказнатазаВостанието, захраброста, жртвата и значењетонамакедонскиототпор.Вкупнатавредностнапроектотизнесуваоколу 21 милионденари, а целтанапроектот е овојпросторповторнодастанеживосведоштвозаисторијата и местокоеќегиинспирираиднитегенерации.
Огреано од реставрираниот и обновен Дом, богат со содржини кои ја чуваат историската меморија, Разловци денес се подготвува за свеченото одбележување на 150-годишнината од јубилејот на Разловечкото востание -симболот на македонската борба за слобода коешто е планирано за 19 мај. Горди и достоинствени, жителите со нетрпение го очекуваат овој ден, ги вршат последните подготовки за селото да биде чисто и уредно и, на најубав можен начин, Разловци да ја долови својата приказна длабоко вкоренета во нивното славно и храбро минато. Разловци ќе биде домаќин на високи претставници од државата, од најразлични институции, уметници, гости од Општината, но и на сите добронамерници. Сите кои ќе го посетат востаничкото Разловци ќе бидат дел од свеченоста за да ја почувствуваат магијата на времето и да бидат сведоци на историјата и современоста, на спомените кои ја испреплетуваат индивидуалната жртва и колективната слобода, но и да го осетат спојот на локалното Разловци со националното значење.
Нека е за многу години денот на Востанието!
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево
