Кочани (Огласи и соопштенија): Известување за чистење на патниот правец кон браната Гратче

објавено во Општински вести | 0
Чистењето ќе се изведува со механизација од двете страни на коловозот, со цел  да се подобри прегледноста и безбедноста на сообраќајот.

Заради безбедно одвивање на активностите, Општина Кочани апелира до сите учесници во сообраќајот, доколку се во можност, да се воздржат од користење на овој патен правец во периодот на изведување на работите и да ги почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и насоките од службите на терен.


Извор: Општина Кочани