На завчерашниот натпревар кој се одигра во Кисела Вода, одбојкарките од Карпош беа убедливи и славеа над своите ривалки од општина Центар со 2:0 во сетови (25:11 и 25:18). Во рамки на вчерашното финале пак, карпошанки се сретнаа на гостински терен со домашната одбојкарска екипа, каде што со одлична игра рутински дојдоа до победа со резултат 2:0 во сетови (25:10 и 25:11). Покрај тоа што го освоија првото место на Купот „Св. Ѓорги“, за најдобра одбојкарка на ова натпреварување беше прогласена карпошанката Дарија Јосифовска од основното училиште „Владо Тасевски“.
Во текот на попладневните часови ќе се одиграат и кошаркарските дуели, каде училишната селекција од општина Карпош ќе ги одмери своите сили против селекцијата од општина Бутел. Од денешниот исход на кошаркарскиот терен, зависи дали основците од Карпош во петок ќе се борат за третото место или пак ќе атакуваат за првата позиција на училишниот спортски Куп кој го организира Општина Кисела Вода.
[/vc_column_text][vc_video link=””][vc_separator color=”blue” border_width=”3″][vc_images_carousel images=”61690,61691,61692,61693,61694,61695,61696,61697″ img_size=”full” slides_per_view=”4″ hide_pagination_control=”yes”][/vc_column][/vc_row]Извор: Општина Карпош