Крива Паланка (Новости): „Деструкција во простор“ – изложба што ги отвори прашањата за просторот, формата и современиот уметнички израз

објавено во Општински вести | 0
Во рамки на програмата„Кривопаланечко културно лето 2026“, синоќа во изложбениот простор на НУ Центар за култура – Крива Паланка беше отворена изложбата„Деструкција во простор“од авторотЈован Наумовски, која на публиката ѝ понуди несекојдневно визуелно и емоционално доживување.

Посетителите имаа можност да се сретнат со современ уметнички израз што го преиспитува начинот на кој го перцепираме просторот и неговата трансформација, потврдувајќи дека уметноста останува моќен медиум за комуникација, инспирација и нови перспективи.

Изложбата е уште еден значаен настан во богатата програма на„Кривопаланечко културно лето 2026“, која и ова лето продолжува да ја збогатува културната понуда на градот со содржини што ја поврзуваат публиката со различните форми на уметничко творештво.


Извор: Општина Крива паланка