13/05/2026|Известувања,Настани|Општина Јегуновце
Општина Јегуновце успешно ја реализираше еколошката акција „GENERALKA WEEKEND“, со значајно учество на учениците и наставниот кадар од основните училиштаООУ „Александар Здравковски“ – Јегуновце,ООУ „Александар Здравковски“ – Шемшово,ООУ „Александар Здравковски“ – ЖилчеиООУ „Симче Настовски“.
Со заеднички ангажман, посветеност и силна еколошка свест, учениците заедно со своите наставници, а со поддршка од Општина Јегуновце и општинското јавно претпријатие, дадоа значаен придонес во унапредувањето на чистотата и заштитата на животната средина во нашата општина.
Општина Јегуновце упатува искрена благодарност и до полициските службеници одПолициско одделение Јегуновце, кои традиционално ја поддржуваат оваа акција и се грижат за безбедноста на учениците за време на нејзината реализација.
Целта на акцијата е создавање почиста, поздрава и поуредена животна средина за сите граѓани. Општина Јегуновце и во иднина ќе продолжи со организирање и поддршка на вакви активности, со цел подигнување на еколошката свест и одржување на чиста општина.
Адреса: с. Јегуновце 1215, Република Северна МакедонијaРаботно време: 08:00 – 16:00 (Понеделник – Петок)Телефон:+389 (044) 397 766E-mail:o-jegunovce@t.mk
Извор: Општина Јегуновце