Јегуновце (Вести): СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ – Започнува подготовката на техничка документација за пречистителна станица за отпадни води и канализациона мрежа во с. Прељубиште, Општина Јегуновце

објавено во Општински вести | 0
Јегуновце (Вести): СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ – Започнува подготовката на техничка документација за пречистителна станица за отпадни води и канализациона мрежа во с. Прељубиште, Општина Јегуновце

30/04/2026|Известувања|Општина Јегуновце

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИЗапочнува подготовката на техничка документација за пречистителна станица за отпадни води и канализациона мрежа во с. Прељубиште, Општина Јегуновце

Јегуновце, 28 април 2026 – Општина Јегуновце го означи почетокот на активностите за подготовка на сеопфатна техничка документација за изградба на пречистителна станица за отпадни води во село Прељубиште, со можност за понатамошно проширување на системот и опфаќање на село Туденце. Како дел од проектот, се предвидува проектирање на канализациона мрежа со проценета должина од околу 4 километри.

Изработката на техничката документација се реализира во рамките на проектот на УНДП „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“, финансиран од Владата на Шведска, преку Фондот за техничка документација.

Како дел од иницијалните активности организирана беше теренска посета на потенцијалните локации за изградба на пречистителната станица, при што беа разгледани просторните услови и техничките можности за реализација на проектот. Воедно, беше дискутирана потребата од воведување на современа, ефикасна и одржлива технологија за третман на отпадните води, со цел обезбедување долгорочно и еколошки прифатливо решение за управување со отпадните води воопштината.

На состанокот по повод започнувањето на активностите учествуваа претставници од Општина Јегуновце, експерти од УНДП, како и претставници од проектантскиот тим ангажиран од страна на општината за подготовка на техничката документација. Активностите се реализираат со активно учество и координација помеѓу сите засегнати страни, со цел обезбедување квалитетни и одржливирешенија.

„Реализацијата на овој проект ќе придонесе кон подобрување на квалитетот на водите, заштита на животната средина и јавното здравје, како и создавање предуслови за одржлив развој на локалната заедница“, изјави Марина Ѓорѓиевска, Координаторка на проектот од страна на општина Јегуновце.

Јованка Стојанова, раководителка на проектот од УНДП, истакна дека: „Фондот за техничка документација има за цел да ги поддржи општините во подготовката на квалитетни и изводливи инфраструктурни проекти, но и да ги зајакне нивните капацитети за управување со целиот проектен циклус. Преку вакви активности, општините стекнуваат практично искуство кое е клучно за понатамошно самостојно планирање и реализација на проекти.“

Општина Јегуновце ќе продолжи активно да работи на развој и имплементација на одржливи инфраструктурни решенија во интерес на своите граѓани. Воедно, проектот претставува чекор напред кон воведување на современи и одржливи решенија за управување со отпадни води, кои можат да се применат и во други општини во земјата.

Адреса: с. Јегуновце 1215, Република Северна МакедонијaРаботно време: 08:00 – 16:00 (Понеделник – Петок)Телефон:+389 (044) 397 766E-mail:o-jegunovce@t.mk


Извор: Општина Јегуновце