26/05/2026|Вести,Известувања|Општина Јегуновце
Во тек се градежните активности за асфалтирање на локалниот пат во населеното место Ратае. Со реализацијата на овој значаен проект, Општина Јегуновце продолжува со континуираното подобрување на локалната патна инфраструктура.
Овој проект е од огромно значење за жителите на Ратае, бидејќи ќе овозможи побезбедно движење на учесниците во сообраќајот, полесен пристап до домовите и значително поквалитетно секојдневие.
Општина Јегуновце останува посветена на рамномерниот развој на сите населени места. Чекор по чекор, заедно градиме поуредена, помодерна и поубава општина за сите наши граѓани!
Адреса: с. Јегуновце 1215, Република Северна МакедонијaРаботно време: 08:00 – 16:00 (Понеделник – Петок)Телефон:+389 (044) 397 766E-mail:o-jegunovce@t.mk
Извор: Општина Јегуновце