26/05/2026|Вести,Известувања|Општина Јегуновце
Општина Јегуновце и Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој потпишаа договор за целосна реализација на проектот „Адаптација и реконструкција на ООУ Александар Здравковски с. Јегуновце“.
Преку овој проект, локалната самоуправа продолжува со континуираните вложувања во иднината на најмладите. Целта е создавање на помодерни, побезбедни и поквалитетни услови за учење на учениците, како и подобри услови за работа на наставниот кадар.
Општина Јегуновце останува посветена на одговорното и домаќинско работење, реализирајќи проекти кои директно го подигнуваат животниот стандард и создаваат подобра иднина за сите сограѓани.
Адреса: с. Јегуновце 1215, Република Северна МакедонијaРаботно време: 08:00 – 16:00 (Понеделник – Петок)Телефон:+389 (044) 397 766E-mail:o-jegunovce@t.mk
Извор: Општина Јегуновце