Јегуновце (Вести): Подобрена патна инфраструктура во населено место Беловиште

објавено во Општински вести | 0
Јегуновце (Вести): Подобрена патна инфраструктура во населено место Беловиште

16/04/2026|Вести|Општина Јегуновце

Општина Јегуновце успешно реализираше уште еден значаен инфраструктурен проект во населеното место Беловиште, со што се подобруваат условите за живот и секојдневно движење на жителите.

Во рамки на активностите, поставени се нови бехатон плочки, со што улицата доби уреден и современ изглед.

Бехатонот, цементот и тампонот беа обезбедени од страна на Општина Јегуновце, додека редењето на плочките беше реализирано од ангажирана екипа преку месната заедница.

Општина Јегуновце упатува благодарност до сите кои придонесоа во реализацијата на проектот и продолжува посветено да работи на унапредување на инфраструктурата и квалитетот на живот во сите населени места.

Адреса: с. Јегуновце 1215, Република Северна МакедонијaРаботно време: 08:00 – 16:00 (Понеделник – Петок)Телефон:+389 (044) 397 766E-mail:o-jegunovce@t.mk


Извор: Општина Јегуновце