Градоначалникот на Општина Јегуновце, заедно со претставници од општинскиот тим, учествуваше на значаен регионален настан во Белград, Република Србија, насловен „Поврзуваме општини, создаваме партнерства: ЦЕРВ збратимување на градови“.
Настанот се одржа во Палата Србија, во организација на Министерството за човекови и малцински права и општествен дијалог на Република Србија.
Фокусот на овој настан беше насочен кон презентација на програмата на Европската Унија – „Граѓани, еднаквост, права и вредности“ (CERV). Оваа програма отвора големи можности за финансиска поддршка и развој на локалните самоуправи преку промоција на граѓанското вклучување, еднаквоста и европските вредности.
Општина Јегуновце активно работи на градење нови регионални партнерства и вмрежување со други општини од регионот. Главната цел на овие активности е преку конкретни проектни идеи максимално да се искористат достапните европски фондови, што директно ќе придонесе за подобрување на квалитетот на животот и интересите на сите граѓани во нашата општина.
Адреса: с. Јегуновце 1215, Република Северна МакедонијaРаботно време: 08:00 – 16:00 (Понеделник – Петок)Телефон:+389 (044) 397 766E-mail:o-jegunovce@t.mk
Извор: Општина Јегуновце
