10/07/2026|Вести,Известувања|Општина Јегуновце
Општина Јегуновце започнува со комплетно уредување и модернизација на спортската инфраструктура низ населените места. Со цел подигнување на стандардите за локалниот спорт и обезбедување подобри услови за граѓаните, локалната самоуправа реализира уште еден значаен проект.
Како резултат на континуираните залагања на Општината и успешната соработка со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), обезбедена е вредна донација од2.400 нови пластични столчиња.
Со овој контингент комплетно ќе се опремат трибините на спортските терени во повеќе населени места низ територијата на Општина Јегуновце. Приоритетот е јасен – секоја средина да добие современ, среден и безбеден спортски простор каде навивачите со гордост ќе ги бодрат локалните клубови и младите спортски таленти.
Општина Јегуновце изразува огромна благодарност до раководството на ФФМ за поддршката и за тоа што ја препозна нашата визија за развој. Кога се работи посветено, резултатите на терен се брзи и видливи.
Инвестирањето во спортската инфраструктура е инвестиција во здравјето, социјализацијата и иднината на младите генерации. Општина Јегуновце продолжува со силно темпо да ја менува и модернизира сликата за секое наше населено место!
Адреса: с. Јегуновце 1215, Република Северна МакедонијaРаботно време: 08:00 – 16:00 (Понеделник – Петок)Телефон:+389 (044) 397 766E-mail:o-jegunovce@t.mk
Извор: Општина Јегуновце