20/07/2026|Вести,Известувања|Општина Јегуновце
Општина Јегуновце продолжува со реализација на проекти наменети за подобрување на урбаната опрема и квалитетот на живот на граѓаните. Во текот на изминатите денови, успешно беа поставени нови летниковци во населените местаТуденце, Ратае, Копанце и Јегуновце.
Оваа активност се спроведе како директен одговор на барањата и потребите на локалното население, со цел да се обезбедат уредени катчиња за одмор и дружење.
Финансирање:Средствата за реализација на овој проект се целосно обезбедени од буџетот на Општина Јегуновце.
Локалната самоуправа и во иднина ќе продолжи да инвестира во подобрување на инфраструктурата и исполнување на потребите на жителите во сите населени места.
Адреса: с. Јегуновце 1215, Република Северна МакедонијaРаботно време: 08:00 – 16:00 (Понеделник – Петок)Телефон:+389 (044) 397 766E-mail:o-jegunovce@t.mk
Извор: Општина Јегуновце