Јегуновце (Вести): Интензивно се работи на подобрување на патната инфраструктура во село Рогачево

објавено во Општински вести | 0
Јегуновце (Вести): Интензивно се работи на подобрување на патната инфраструктура во село Рогачево

16/06/2026|Вести,Известувања|Општина Јегуновце

Општина Јегуновце продолжува со реализација на крупни инфраструктурни проекти во локалните средини. Во тек се градежни активности за изградба и реконструкција на нова патна делка во с. Рогачево.

Во оваа почетна фаза, градежните екипи на терен вршат подготовка на подлогата и тампонирање на новиот локален пат. Овие подготвителни активности се клучни за обезбедување квалитетна, стабилна и долготрајна асфалтна површина.

Според предвидената динамика на градежниот план, во текот на наредните денови ќе се започне со финалната фаза – поставување на асфалтниот слој.

Со комплетирањето на овој проект, жителите на с. Рогачево ќе добијат:

Локалната самоуправа останува посветена на рамномерниот развој на сите населени места. Оваа инвестиција е само уште еден доказ за нашите континуирани напори за унапредување на инфраструктурата и подигнување на квалитетот на живот на сите граѓани во Општина Јегуновце.

Адреса: с. Јегуновце 1215, Република Северна МакедонијaРаботно време: 08:00 – 16:00 (Понеделник – Петок)Телефон:+389 (044) 397 766E-mail:o-jegunovce@t.mk


Извор: Општина Јегуновце