Општина Јегуновце ги информира граѓаните дека започнаа градежните активности за втората фаза од проектот за изградба на фекална канализација. Со оваа фаза ќе бидат опфатени населеното место Подбреѓе и дел од населеното место Јанчиште.
Овој капитален проект претставува трајно решение за долгогодишните инфраструктурни проблеми на жителите од овој дел на општината. Главните цели на оваа инвестиција се:
Општина Јегуновце останува посветена на одговорното работење и реализацијата на проекти кои се од директен интерес за сегашните и идните генерации. Продолжуваме со инвестиции во клучните капацитети за подобра заедничка иднина.
Адреса: с. Јегуновце 1215, Република Северна МакедонијaРаботно време: 08:00 – 16:00 (Понеделник – Петок)Телефон:+389 (044) 397 766E-mail:o-jegunovce@t.mk
Извор: Општина Јегуновце
