Јегуновце (Вести): Во тек е изградбата на нов заштитен ѕид во ОУ „Шемшево“

објавено во Општински вести | 0
Јегуновце (Вести): Во тек е изградбата на нов заштитен ѕид во ОУ „Шемшево“

06/07/2026|Вести,Известувања|Општина Јегуновце

Општина Јегуновце продолжува со реализација на инвестиции во образовната инфраструктура со цел создавање подобри и побезбедни услови за учениците и вработените.

Денес беше извршен увид во тековните градежни активности за изградба на нов заштитен ѕид во задниот дел од дворот на ОУ „Шемшево“, во присуство на директорот на училиштето.

Проектот опфаќа изградба на заштитен ѕид во должина од 100 метри, со што целосно ќе се заокружи и обезбеди училишниот простор. Градежните работи се одвиваат согласно предвидената динамика и со задоволително темпо.

Со реализацијата на оваа инвестиција значително ќе се унапредат безбедноста, уреденоста и функционалноста на училишниот двор, обезбедувајќи поквалитетна и посигурна средина за учениците, наставниот кадар и останатите вработени.

Општина Јегуновце останува посветена на континуирано вложување во образовните установи и реализација на капитални проекти кои придонесуваат за подобрување на условите за образование и создавање поквалитетни услови за сите граѓани.

Адреса: с. Јегуновце 1215, Република Северна МакедонијaРаботно време: 08:00 – 16:00 (Понеделник – Петок)Телефон:+389 (044) 397 766E-mail:o-jegunovce@t.mk


Извор: Општина Јегуновце