Ѓорче Петров: Општината дел од првата фаза за проширување на дигиталните општини во Македонија

објавено во Општински вести | 0
Општина Ѓорче Петров официјално станува дел од процесот на дигитализација на општинските услуги преку националниот портал uslugi.gov.mk, како дел од првата фаза на проширување на дигиталните општини во државата.

По успешно изразениот интерес и спроведената постапка за пријавување во септември 2025 година, Општина Ѓорче Петров е вклучена во проектот што има за цел модернизација и поедноставување на административните услуги за граѓаните.

Со ова, жителите на општината ќе добијат побрз, полесен и потранспарентен пристап до услугите, без непотребно чекање и административни бариери.

Во првата фаза ќе бидат дигитализирани следните услуги:

Дигитализацијата претставува значаен чекор кон изградба на ефикасна, современа и транспарентна локална самоуправа, која е во чекор со потребите на граѓаните и современите технологии.

Со овој проект, Ѓорче Петров дополнително се позиционира како пример за дигитална и модерна општина во Македонија.


Извор: Општина Ѓорче петров