Ѓорче Петров: Одбележани 154 години од раѓањето на Гоце Делчев

објавено во Општински вести | 0
Ѓорче Петров: Одбележани 154 години од раѓањето на Гоце Делчев

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски присуствуваше на панихида во храмот„Св. Спас“,каде што беше оддадена почит на ликот и делото наГоце Делчев– вечен симбол на слободата, идејата и саможртвата за Македонија.

Гоце Делчев преку својата визија за праведно, слободно и обединето општество остави трајна порака која и денес не обврзува да останеме достоинствени, сплотени и истрајни во зачувувањето и заштитата на македонските национални и духовни вредности. Неговиот лик и дело продолжуваат да бидат водилка за идните генерации, потсетувајќи не дека слободата и државноста се темелат на жртва, одговорност и љубов кон татковината


Извор: Општина Ѓорче петров