Со оваа одлука се започнува постапката за воспоставување институционална соработка преку која Град Скопје ќе може да учествува во подготовката на проектна документација, обезбедување финансиски средства и реализација на повеќе капитални инфраструктурни зафати.
Предмет на иницијативата се реконструкција и рехабилитација на повеќе улици, изградба на водоводна и фекална канализациона мрежа, како и подобрување на комуналната инфраструктура во различни делови на Општина Шуто Оризари.
Целта е создавање поквалитетна патна и комунална инфраструктура, подобрување на безбедноста во сообраќајот, полесен пристап до јавните услуги и создавање подобри услови за живот на жителите. По евентуалното прифаќање на иницијативата и од страна на Советот на Град Скопје ќе следува склучување договор за меѓуопштинска соработка со кој детално ќе бидат уредени правата и обврските на двете институции.
Совет на општина Шуто Оризари-Кonsili ki komuna Šuto Orizari-Këshilli I komunës Shuto Orizari
Република Северна Македонија-Republika Utarali Makedonija-Republika e Maqedonisë së Veriut
30.06.2026 год- berš-viti
Со оваа Одлука Советот на Општина Шуто Оризари ја прифаќа Иницијативата на Градоначалникот на Општина Шуто Оризари за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Шуто Оризари и Град Скопје заради подготовка, проектирање, финансирање и реализација на инфраструктурни проекти од заеднички интерес.
Советот на Општина Шуто Оризари утврдува Предлог за воспоставување меѓуопштинска соработка со Град Скопје за подготовка на техничка документација, проектирање, обезбедување финансиски средства, реконструкција, рехабилитација, адаптација и изградба на следните инфраструктурни објекти:
Предложената меѓуопштинска соработка има за цел подобрување на локалната патна и комунална инфраструктура, подобрување на безбедноста во сообраќајот, подобрување на условите за живот на граѓаните, обезбедување непречен пристап до јавните услуги, како и обезбедување за рамномерен инфраструктурен развој на сите делови на градот Скопје.
Советот на Општина Шуто Оризари предлага Град Скопје да учествува во подготовката на проектната документација, обезбедувањето финансиски средства, спроведувањето на постапките за јавни набавки, стручниот надзор и реализацијата на проектите наведени во член 2 од оваа Одлука, согласно Законот за меѓуопштинска соработка и Договорот за меѓуопштинска соработка кој ќе биде склучен помеѓу двете единици на локалната самоуправа.
Се овластува Градоначалникот на Општина Шуто Оризари да ја достави оваа Одлука, заедно со Иницијативата и Образложението, до Советот на Град Скопје заради разгледување и донесување соодветна одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка.
По прифаќањето на иницијативата од страна на Советот на Град Скопје, двете единици на локалната самоуправа ќе пристапат кон подготовка и склучување на Договор за меѓуопштинска соработка со кој ќе се уредат меѓусебните права и обврски, начинот на финансирање, динамиката на реализација, надзорот над изведбата и другите прашања од значење за спроведување на соработката.
Оваа Одлука стапува во сила од денот на објавувањето во службен гласник на Општина Шуто Оризари и на веб страната на Општината www.sutoorizari.gov.mk
Совет на Општина Шуто Оризари
„Градоначалник на општина Шуто Оризари- Šerutno ki komuna Šuto Orizari-Kryetari I komunës Shuto Orizari,,
„Република Северна Македонија- Republika Utarali Makedonija-Republika e Maqedonisë së Veriut,,
30.06.2026год-berš-viti
Се прогласува и објавува Одлуката за усвојување на Одлуката за прифаќање на Иницијативата за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Шуто Оризари и Град Скопје и утврдување предлог за воспоставување меѓуопштинска соработка, Советот ја донесе на Седницата одржана на 26-ти Јуни 2026 година.
Ова решение влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен гласник на општина Шуто Оризари” и на веб страната www.sutoorizari.gov.mk.
Извор: Општина Шуто оризари
