Донесувањето на урбанистичкиот план претставува значаен чекор во уредувањето на просторот, бидејќи истиот ги дефинира условите за идна изградба на станбени објекти, деловни и комерцијални содржини, лесна индустрија, складишни капацитети и неопходната сообраќајна и комунална инфраструктура.
Планот е изработен согласно Законот за урбанистичко планирање, по претходно спроведена законска постапка и добиена согласност од Министерството за транспорт, со што се обезбедуваат услови за планско користење на просторот, привлекување инвестиции и одржлив развој на општината.
Со неговото донесување се отвораат нови можности за економски развој, подобрување на урбаното живеење и реализација на идни јавни и приватни инвестиции во Општина Шуто Оризари.
Совет на општина Шуто Оризари-Konsili ki komuna Šuto Orizari-Këshilli I komunës Shuto Orizari
Република Северна Македонија-Republika Utarali Makedonija-Republika e Maqedonisë së Veriut
30.06.2026 год- berš-viti
Со оваа одлука се одобрува и донесува Деталниот Урбанистички план за Градска четврт С.07 во Општина Шуто Оризари Скопје, со плански период (2021-2026), со површина на опфатот од 30.97 ха, изработен од „ИН-ПУМА” доо Скопје со тех.бр.70/2021.
Составен дел на оваа Одлука е текстуалниот и графичкиот дел на Деталниот Урбанистички план за Градска четврт С.07 во Општина Шуто Оризари Скопје, согласно елаборатот за донесување на планот заведен во информацискиот систем е-урбанизам.
Одобрениот и донесен Детален Урбанистички план ќе се чува во архивата на Општина Шуто Оризари и ќе биде јавно достапен преку информацискиот систем е-урбанизам и официјалната веб страна на Општината www.sutoorizari.gov.mk за понатамошна постапка.
Оваа Одлука стапува во сила од денот на објавувањето во службен гласник на Општина Шуто Оризари и на веб страната на Општината www.sutoorizari.gov.mk.
Совет на Општина Шуто Оризари
„Градоначалник на општина Шуто Оризари- Šerutno ki komuna Šuto Orizari-Kryetari I komunës Shuto Orizari,,
„Република Северна Македонија- Republika Utarali Makedonija-Republika e Maqedonisë së Veriut,,
30.06.2026год-berš-viti
Се прогласува и објавува Одлуката за одобрување и донесување на Детален Урбанистички план за Градска четврт С.07 во Општина Шуто Оризари Скопје, што Советот ја донесе на Седницата одржана на 26-ти Јуни 2026 година.
Ова решение влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен гласник на општина Шуто Оризари” и на веб страната www.sutoorizari.gov.mk.
Извор: Општина Шуто оризари
