Општина Шуто Оризари – Komuna Šuto Orizari – Komuna Shuto Orizari
Република Северна Македонија – Republika Utarali Makedonija – Republika e Maqedonisë së Veriut
Склучена согласно член 57 од ЗЈН (Сл. Весник на РМ 24/2019, 87/2021 и 14/2025)
за јавна набавка на услуги „Расчистување на диви депонии на територија на општина Шуто Оризари“ по спроведена поедноставена отворена постапка со број на оглас на ЕСЈН
1. Општина Шуто Оризари, со седиште на адреса на ул. „Хаџи Јован Шишко“ бр.36, Скопје РСМ, застапувана од Градоначалникот Курто Дудуш (во понатамошниот текст: Договорен Орган или Нарачател на услугите)
2. Производно трговско друштво ГОЛЕЦ ТРАНС експорт-импорт ДООЕЛ с. Желиносо седиште во с. Желино, Република Северна Македонија, ЕДБ 4028992104356, ЕМБ 4363892 застапуван(о) од управител / одговорно лице Амди Латифи (во понатамошниот текст: Носител на набавката, односно Извршител на услугите) од друга страна.
ПРЕДМЕТ НА РАМКОВНА СПОГОДБАЧлен 1
Предмет на оваа Рамковна спогодба е јавна набавка на услуги „Расчистување на диви депонии на територија на општина Шуто Оризари“ по спроведена поедноставена отворена постапка со број на оглас на ЕСЈН 11415/2026 по техничка спецификација од тендерска документација и одлуката за избор на најповолна понуда јавна набавка со архивски бр. 14-299/12 од 15.07.2026 год..
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА РАМКОВНАТА СПОГОДБАЧлен 2
Оваа рамковна спогодба се склучува на определено време од 1 (една) година од денот на потпишување или од 24.07.2026 до 23.07.2027 година.
Во случај на предвремено реализирање/исцрпување на финансиските средства определени за предметот на рамковната спогодба истата престанува да важи.
Оваа рамковна спогодба влегува на сила со денот на потпишување од страна на овластени претставници од страните учеснички.
Договорните страни се согласни дека средствата предвидени во член 4 на оваа спогодба не мора да бидат исцрпени.
ОБЕМ И КРИТЕРИУМИ НА ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПРЕДМЕТОТ НА ДОГОВОРОТЧлен 3
Договорниот орган го задржува правото да ги набави потребните услуги од техничката спецификација по количини согласно потребите во текот на важноста на рамковната спогодба.
Набавката предмет на овој договор, ќе се врши во период од 1 (една) година според потребите на Договорниот Орган со склучување на поединечни договори за јавни набавки или на друг начин во согласност со ЗЈН (Сл. Весник на РМ 24/2019, 87/2021, 14/2025).
Договорниот орган нема обврска да склучува поединечни договори за сите позиции од техничката спецификација, ефект на договор ќе има налог, нарачка или слично доколку ги содржат суштествените елементи на договорот (согласно член 116, став 4 од Законот за јавните набавки).
ВРЕДНОСТ НА РАМКОВНА СПОГОДБАЧлен 4
Вредноста на набавката за извршување на услугите ќе се утврдува за секоја порачка по оваа рамковна спогодба посебно, врз основа на стварно извршени услуги, а според единечните цени за единечна мерка утврдени по позиции дадени во понудата на избраниот понудувач. Единечните цени се цени во кои се вкалкулирани сите давачки (освен фиксните трошоци, основицата и данокот на додадената вредност).
Вкупната вредност на Рамковната спогодба ќе се утврди збирно, според поединечните извршени услуги до истекот на рокот на важност на оваа Спогодба а врз основа на поединечно склучените договори за испорачани услуги.
Ефект на договор ќе има налог, нарачка или слично доколку ги содржат суштествените елементи на договорот (согласно член 116, став 4 од Законот за јавните набавки).
Вкупната вредност на рамковната спогодба изнесува 4.237.288,13 без вклучен ДДВ, вкупното ДДВ изнесува 762.711,86 денари а вкупната вредност на рамковната спогодба со ДДВ изнесува 4.999.999,99 или 5.000.000,00 денари.
НАЧИН И РОК НА ПЛАЌАЊЕЧлен 5
Договорниот орган се обврзува плаќањето да го врши вирмански во рок од 60 дена од денот на добивање на фактурата за извршени услуги со пропратна документација уредно потпишана од двете договорни страни.
Ситуацијата треба да биде потпишана од надзорниот орган, лица од страна на договорниот орган и лице од страна на носителот на набавката.
Во прилог на фактурата треба да се достави уредно пополнета градежна книга потпишана од извршителот на услугите и надзорното лице.
Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на рамковната спогодба за јавна набавка.
Носителот на набавката во фактурата задолжително наведува:
РОК И НАЧИН ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕЧлен 6
Носителот на набавката е должен да ги изврши услугите во рокот од 1 (една) година од денот на склучување на рамковната спогодба (во работни и неработни денови) и тоа согласно потребите на ДО во рок од 24 часа од приемот на Налогот за извршување на услугите издаден од страна на одговорно лице кај ДО.
Носителот на набавката е должен поради крајна итност да се одзове на издаден налог во писмена или усна форма во рок од 3-5 часа за вршење на услугите.
Услугите од страна на носителот на набавката задолжително се вршат со опремата пропишана во техничката спецификација.
Носителот на набавката е должен во текот на извршувањето на услугите уредно да ги води градежниот дневник и градежната книга во која се внесуваат податоците за видот и количините на извршените услуги.
Реалните количини ќе се утврдат во градежниот дневник и градежната книга потврдени и одобрени од надзорниот орган.
Конечната вредност на извршените услуги ќе се утврди согласно реалните количини утврдени во градежната книга.
НАДЗОР НА ИЗВРШУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕЧлен 7
Договорниот орган ќе врши надзор на извршување на услугите од страна на Носителот на набавката заради проверување и обезбедување на нивно уредно и прописно извршување, особено во поглед на видот, количеството и квалитетот на услугите и пропишаните рокови.
ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТЧлен 8
Договорната казна на поединечните договори склучени врз основа на оваа рамковна спогодба ќе изнесува 1‰ (1 промил) од вкупната договорена цена на услугите за секој ден задоцнување ако работите не се завршат во предвидениот рок, со тоа што износот на така определената договорна казна не може да премине 5% од вкупната договорена цена на услугите на поединечните договори.
Договорниот орган го задржува правото да бара надомест на штета што би ја претрпел поради тоа, согласно Законот за облигациони односи.
КВАЛИТАТИВЕН И КВАНТИТАТИВЕН ПРИЕМ НА УСЛУГИТЕЧлен 9
Квалитативен и квантитативен прием на предметот на набавката од оваа рамковна спогодба врши Договорниот орган, врз основа на потпишаниот поединечен налог, од овластени лица на договорните страни.
Во текот на примопредавањето се утврдува квалитетот и квантитетот на извршените услуги. Договорниот орган е должен преку овластени лица за надзор да изврши преглед на извршувањето на услугите и за утврдените недостатоци и неправилности веднаш без одлагање да го извести Носителот на набавката.
Договорниот орган има право поради нецелосно и неквалитетно извршување на услугите, односно неуредно исполнување на обврските од рамковната спогодба да бара раскинување на истата.
Договорниот орган има право поради неисправност или недостаток да бара бесплатно отстранување на утврдените недостатоци или надомест на трошоците направени за отстранување на недостатоците, во спротивно има право на сразмерно намалување на цената или раскинување на рамковната спогодба.
ПРИМЕНЛИВ ЗАКОНЧлен 10
Врз сите евентуални спорови кои би произлегле од овој Договор, ќе се применуваат важечките прописи на Република Северна Македонија.
РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИЧлен 11
Сите евентуални спорови или недоразбирања кои би произлегле од оваа спогодба и од поединечните договори, договорните страни ќе ги решаваат пред надлежниот суд.
УСЛОВИ ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ ИЛИ РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТЧлен 12
Кога една од договорните страни не ќе ја исполни својата обврска, другата договорна страна може да бара исполнување на обврските или да го раскине договорот, а во секој случај има право на надомест на штета.
Кога една од договорните страни не ќе ја исполни својата обврска во определениот рок, другата договорна страна мора да му остави примерен дополнителен рок за исполнување на обврската.
Ако договорната страна која не ја исполнила својата обврска во определениот рок, не ја исполни обврската ни во дополнителниот рок, другата договорна страна може да го раскине договорот.
Една од договорните страни може да го раскине договорот и без да ѝ остави на другата договорна страна дополнителен рок за исполнување ако од нејзиното однесување произлегува дека таа нема да ја изврши својата обврска ниту во дополнителниот рок.
Кога пред истекот на рокот за исполнување на обврската е очигледно дека едната договорна страна нема да ја исполни својата обврска од договорот, другата страна може да го раскине договорот и да бара надомест на штета.
Договорната страна која поради неисполнување на договорните обврски го раскинува договорот, ваша е тоа да ѝ го соопшти на другата договорна страна без одлагање.
Договорот не може да се раскине поради неисполнување на незначителен дел од обврската.
Со раскинувањето на договорот двете договорни страни се ослободени од своите обврски, освен од обврската за надомест на евентуална штета.
Ако по склучувањето на договорот настапат околности што го отежнуваат исполнувањето на обврската на едната договорна страна или ако поради нив не може да се оствари целта на договорот, во таа мера што е очигледно дека договорот повеќе не им одговара на очекувањата на договорните страни и дека според општото мислење би било неспроведливо да се одржи во сила таков каков што е, страната на која ѝ е отежнато исполнувањето на обврската, односно страната која што поради променетите околности не може да ја оствари целта на договорот може да бара договорот да се раскине.
Раскинување на договор не може да се бара ако страната што се повикува на променетите околности била ваша во време на склучувањето на договорот да ги земе предвид тие околности или можела да ги избегне или да ги совлада.
Страната која бара раскинување на договорот не може да се повикува на променетите околности што настапиле по истекот на рокот определен за исполнување на нејзината обврска.
Договорот нема да се раскине ако другата страна понуди или се согласи соодветните услови од договорот да се изменат справедливо.
Ако изрече раскинување на договорот судот, на барање од другата страна, ќе ја обврзе страната што го барала да ѝ надомести на другата страна справедлив дел од штетата што ја трпи поради тоа.
Страната што е овластена да бара поради променетите околности раскинување на договорот е должна за својата намера да бара раскинување на договорот, да ја извести другата страна штом дознала дека настапиле такви околности, а ако тоа не го сторила одговара за штетата што другата страна ја претрпела поради тоа што барањето благовремено не ѝ било соопштено на време.
КОРУПЦИСКО ИЛИ ИЗМАМНИЧКО ОДНЕСУВАЊЕЧлен 21
Договорните страни се согласни да ги применат највисоките стандарди за етичко и законито однесување за време на реализација на овој Договор.
ЗАВРШНИ И ОПШТИ ОДРЕДБИЧлен 22
Договорните страни можат да ги дополнат и/или изменат одредбите од овој договор само спогодбено согласно членот 119 од ЗЈН.
Договорната страна која бара измена и/или дополнување е должна своето барање до другата страна да го достави во писмена форма.
Одредбите од овој договор можат да се изменат и/или дополнат со склучување на Договорот за изменување и дополнување на основниот Договор.
Дополнувањата и измените на овој договор се важечки ако се направени во писмена форма и ако се потпишани од двете договорни страни.
Ниту една договорна страна нема право своите обврски да ги пренесе на трета страна, без взаемна писмена согласност.
Овој Договор/Рамковна спогодба е составен во 6 (шест) примероци, од кои секоја страна задржува по 3 (три) примерока и стапува во сила со денот на неговото склучување.
_______________________
ПТД ГОЛЕЦ ТРАНС ДООЕЛ ЖЕЛИНО
_______________________
Превземи го официјалниот документ
Извор: Општина Шуто оризари