Шуто Оризари (Настани): Во Општината Шуто Оризари се одбележа 8-ми Април – Меѓунаросниот

објавено во Општински вести | 0
Шуто Оризари (Настани): Во Општината Шуто Оризари се одбележа 8-ми Април – Меѓунаросниот

Денес во Општина Шуто Оризари, по повод одбележувањето на 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, беше пуштена во употреба новата улица „Брсјачка Буна“.

На настанот присуствуваа Претседателот на Владата, д-р. Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, министерот за локална самоуправа Златко Перински, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и др.

По официјалниот дел, тие дадоа изјави за медиумите, истакнувајќи ја важноста на инфраструктурниот развој и унапредувањето на условите за живот во самата општина. Со вкупно 58 проекти и инвестиција од над 277 милиони денари, вложено е во подобар, поквалитетен и подостоинствен живот за сите граѓани.

Овој настан претставуваше уште една значајна можност да се потврди дека борбата за промовирање на еднаквоста не смее да остане само на декларативно ниво, туку мора да се реализира преку конкретни мерки и проекти на сите нивоа – од локалната до централната власт, во институциите, на терен и во секојдневниот живот. Само на тој начин се обезбедува поголема интеграција и посигурни, одржливи успеси во иднина.

Честит 8 Април меѓународен ден на Ромите.


Извор: Општина Шуто оризари