Врз основа на член 48 став 3 од Законот за административни службеници(“Службен весник на РМ.“бр.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018), и (Службен Весник на Република Северна Македонија бр.275/19, 14/20, 215/21 и 99/22) и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријава за унапредување,начинот на спроведување на администратривна селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас (Службен весник на РМ бр.11/2015) и Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријава за унапредување,начинот на спроведување на администратривна селекција и интервјуто,како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас (Службен весник на РМ бр.35/2018), Градоначалникот на Општина Чашка објавува:
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01-2026ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО СО УНАПРЕДУВАЊЕ
Потребни општи работни компетенции
Потребни посебни работни компетенции
Распоред на работно време
Паричен нето износ на плата: 51.000,оо денари
Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат и следните
На интерниот оглас може да се јави административен службеник, вработен во општина Чашка, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место, пропишани во овој закон и актот за систематизација како и:
– да е оценет со оценка “А” или “Б” при последното оценување– да е на работно место кое согласно актот за систематизација е на непосредно пониско ниво од работното место за кое е објавен интерниот оглас,– да поминал најмалку две години на тековното Работни место– да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот оглас
Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази:
-потврди за успешно реализирани обуки-потврди за успешно реализирано менторство
Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) дена, од денот на објавување на огласот.
Заинтересираните административни службеници поднесуваат пополнетапријаваи докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место, преку архивата на општина Чашка, до одделение за правни работи на адреса “Илинденска” број 8 Чашка, како и на службената електронска адреса opstina@caska.gov.mk со назнака за интерен оглас.
Ненавремена, неуредна и нецелосна пополнета пријава,нема да биде предмет на разгледување.
Постапката Ќе ја спроведе Комисија за селекција за унапредување формирана од Градоначалникот на општина Чашка.
НАПОМЕНА:Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошната постапка.
ОПШТИНА ЧАШКА/KOMUNA E ÇASHKËSГрадоначалник/KryetariСуат Шаќиров/Suat Shaqirov, с. р.
© Општина Чашка – 2020. Сите права се задржаниМапа на странaта|Политика за приватност |Архиваpowered by Ekarta
Извор: Општина Чашка