Чаир (Новости): Folk Fest Skopje 2026 го заокружи осмото издание на Плоштад „Скендербег“

објавено во Општински вести | 0
Чаир (Новости): Folk Fest Skopje 2026 го заокружи осмото издание на Плоштад „Скендербег“

Плоштадот „Скендербег“ синоќа беше исполнет со ритми, танци и колорит од различни култури од светот, на финалната вечер од осмото издание на Меѓународниот фестивал „Folk Fest Skopje 2026“. По настапите на ансамблите учесници, Грузија беше прогласена за победник на фестивалот, а пехарот за првото место го врачи градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. На второто место се пласираше Мексико, додека третото место го освои Летонија.

Со оваа вечер беше заокружено уште едно издание кое во Скопје донесе традиции и фолклор од различни земји во светот. Грузија, како овогодишен победник, повторно ќе се врати како специјален гостин на следното издание на Folk Fest Skopje, продолжувајќи ја традицијата која веќе осум изданија го претвора Скопје во место на средба на културите од целиот свет.


Извор: Општина Чаир