Чаир му оддаде почит на големиот пријател на Скопје – Адолф Циборовскиv
Денес, во Старата скопска чаршија, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и Јулија Циборовски, внуката на истакнатиот полски урбанист Адолф Циборовски, ја открија спомен-плочата посветена на човекот кој даде исклучителен придонес во обновата на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година.
По земјотресот, Адолф Циборовски беше меѓу меѓународните експерти кои силно се залагаа за зачувување на Старата скопска чаршија како неразделен дел од урбаниот идентитет на Скопје. Градоначалникот Меџити истакна дека градовите не го градат својот идентитет само преку инфраструктурата, туку и преку зачувување на историската меморија и оддавање почит на личностите кои со својата визија оставиле трајна вредност за нивниот развој.
Поставувањето на оваа спомен-плоча претставува израз на благодарност кон Адолф Циборовски и неговиот значаен придонес во зачувувањето на историскиот идентитет на Скопје.
Извор: Општина Чаир