Чаир (Новости): Чаир ги слави децата и официјално го отвора „Културно лето на Чаир 2026“

објавено во Општински вести | 0
Со звуците на музиката, боите на традиционалните носии и насмевките на стотици деца, вечерва официјално започна месецот на културата.

Старата чаршија и Плоштадот Скендербег беа исполнети со живот, додека стотици ученици, родители, наставници и граѓани беа дел од една вечер што го покажа најубавото лице на Чаир – Чаир кој ги негува културата, традицијата, талентот и креативноста на младите генерации.

Немаше поубав начин да се одбележи 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето, отколку сцената да им се посвети токму на децата, кои со својот талент и радост го отворија целиот месец посветен на културата, уметноста и општествениот живот.

Дефилето во традиционални носии, ората и уметничките настапи го претворија срцето на градот во отворена сцена каде што децата беа главните протагонисти на оваа свеченост.

Ова беше само почеток.

Културно лето на Чаир 2026 започна. Чаир живее со културата.


Извор: Општина Чаир