Чаир (Новости): Пролет во Чаир – повеќе бои во јавните површини

објавено во Општински вести | 0
Денес, во една од најфреквентните зони на нашата општина, се реализираше симболична иницијатива што ја одразува пролетната атмосфера и посветеноста кон грижата за средината во која живееме.

Во оваа активност, претседавачот на Советот на Општина Чаир, Мухамед Муртези, во својство на претставник на општината, заедно со директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Муамер Сефери, извршија освежување и уредување на зелените површини со сезонско цвеќе. Оваа акција е дел од подготовките за уредување и разубавување на општината во текот на пролетната сезона.

Со оваа активност се цели не само подобрување на урбаната естетика, туку и создавање попријатна и пожива средина за жителите на Чаир.


Извор: Општина Чаир