Чаир (Новости): Продолжува одржувањето на чистотата во населбите на Чаир

објавено во Општински вести | 0
Во рамки на редовниот план за работа, сезонските екипи за одржување на хигиената го продолжија својот ангажман на терен во повеќе населби и улици во Чаир.

Во изминатите денови, активностите се реализираа во Топанско Поле на ул. „Методија Митевски“, „Август Цесарец“, „Никола Грчето“, во Стара Топана, Дуганџик и на ул. „Благоја Паровиќ“, како и во населбата Чаир на ул. „Струмичка“, „Павле Илиќ“, „Ресенска“, „Халим Халимиќ“, „Вуковарска“ и „Дижонска“.

Во текот на денот беше отстрането и едно дрво паднато од ветер на ул. „Ферид Мурад“, во близина на Топана, со цел обезбедување на безбедноста на граѓаните и ослободување на јавниот простор.

Сезонските работници се постојано на терен, грижејќи се за јавните површини и чистотата во Чаир. Нивниот ангажман продолжува согласно предвидениот план за работа.


Извор: Општина Чаир