Чаир (Новости): Поставени апарати за прочистување на воздухот во училиштата и градинките во Чаир

објавено во Општински вести | 0
Со успех е завршена инсталацијата на апарати за прочистување на воздухот во училиштата и градинките на Општина Чаир, како конкретна мерка за заштита на здравјето на децата и подобрување на условите во образовните институции.

Во рамки на овој проект, 6 современи уреди се поставени во четири основни училишта: „Исмаил Ќемали“, „Хасан Приштина“, „Лирија“ и „Тефејјуз“, како и во градинките „Фидани“ и „Снежана“, со што се обезбедува почист воздух во просториите каде што децата секојдневно престојуваат.

Уредите се ставени на трајно користење на Општина Чаир преку институционална соработка со Владата на Република Северна Македонија, со цел децата да растат и учат во средина каде што здравјето и благосостојбата се секогаш во прв план.


Извор: Општина Чаир