Чаир (Новости): Помош за Гостивар во справувањето со состојбата со водоснабдувањето

објавено во Општински вести | 0
Чаир (Новости): Помош за Гостивар во справувањето со состојбата со водоснабдувањето

Како одговор на отежнатата состојба со снабдувањето со вода за пиење во Гостивар, Општина Чаир се приклучи кон напорите за помош на граѓаните, испраќајќи количина вода за пиење за потребите на жителите.

Станува збор за скромен придонес во момент кога најважно е помошта да стигне таму каде што е најпотребна. Општина Чаир останува во постојана комуникација со локалните власти во Гостивар и во наредните денови ќе биде подготвена да обезбеди поддршка и помош согласно потребите и развојот на состојбата.


Извор: Општина Чаир