Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес ја пречека на средба г-ѓа Никол Варнес, вршителка на должност во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје. За време на средбата се разговараше за актуелните случувања во земјата и за важноста од зајакнување на демократските институции.
На средбата беше истакната значајната улога на Соединетите Американски Држави како стратешки партнер на Северна Македонија, особено во поддршката на демократските процеси, владеењето на правото и институционалниот развој.
Соговорниците ја нагласија важноста од континуирана соработка и партнерство меѓу институциите, како важен фактор за унапредување на реформите и за севкупниот развој на државата.
Извор: Општина Чаир