Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го пречека Претседателот на Република Албанија, Н.Е. Бајрам Бегај, во рамки на неговата официјална посета на Република Северна Македонија, при што Чаир беше првата станица од државната агенда.
Посетата започна со институционален прием во просториите на општината, каде што се одржа официјална средба во духот на взаемна почит и соработка. Потоа, делегацијата ја продолжи програмата во Старата скопска чаршија, со свечено положување свежо цвеќе пред споменикот на националниот херој Ѓерѓ Кастриоти – Скендербег, како израз на почит кон неговата историска улога и наследство.
Градоначалникот Меџити оцени дека посетата претставува момент со особена институционална и симболична тежина, реафирмирајќи ги одличните односи меѓу двете земји и заложбата за понатамошно продлабочување на соработката на сите нивоа.
Присуството на Претседателот Бегај во Чаир ја нагласува историската и културната блискост меѓу двата народа, како и почитта кон вредностите што ги поврзуваат.
Извор: Општина Чаир