Чаир (Новости): Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“ го отвори своето прво издание

објавено во Општински вести | 0
Чаир (Новости): Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“ го отвори своето прво издание

Првите звуци на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“ вечерва одекнаа во Сули ан, означувајќи го почетокот на нов културен настан кој има за цел да стане дел од уметничкиот идентитет на Скопје. Во уникаталниот историски амбиент, програмата на свеченото отворање понуди изведби на високо уметничко ниво и создаде посебен спој меѓу музиката и културното наследство на Старата скопска чаршија.

Организиран од Општина Чаир, со целосна поддршка од градоначалникот, Изет Меџити, и под уметничко раководство на Инва Мула и Дешира Ахмети-Крлиу, фестивалот продолжува и во наредните вечери со програма која обединува реномирани домашни и меѓународни уметници. Преку оваа иницијатива, Општина Чаир има за цел да воспостави нова културна традиција и дополнително да ја афирмира Старата скопска чаршија како простор каде што уметноста и културното наследство оживуваат.


Извор: Општина Чаир