Ритмите на фламенкото ѝ дадоа посебна атмосфера на втората вечер на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“, со настапот на Алба Биоке и квартетот „Корени и ветер“ од Барселона. Меѓу присутните беа и градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, и Неговата Екселенција Рафаел Соријано Ортиз, амбасадор на Кралството Шпанија во Северна Македонија, давајќи ѝ на вечерта дополнителна димензија на културен дијалог и зближување меѓу двете земји.
Со секоја фестивалска вечер, „Чаршија“ носи во Скопје различна култура, звук и уметничка традиција. Во организација на Општина Чаир, првото издание продолжува да го гради профилот на фестивал кој има за цел да ги поврзува уметниците, културите и публиката, збогатувајќи го културниот календар на градот со нова меѓународна традиција.
Извор: Општина Чаир