Чаир (Новости): Акција за чистење и контрола на канализационата мрежа во Старата Чаршија

објавено во Општински вести | 0
Во пресрет на светиот месец Рамазан, Општина Чаир, во соработка со ЈП „Водовод и канализација“, започна акција за инспекција, чистење и контрола на фекалната и атмосферската канализациона мрежа на подрачјето на Старата Чаршија.

Акцијата се реализираше денес и ќе продолжи и утре, со цел да се обезбеди непречено функционирање на системот и да се спречат евентуални потешкотии во текот на овој период.

Со оваа интервенција се настојува да се обезбедат подобри услови за граѓаните и деловните субјекти во зоната.


Извор: Општина Чаир