Центар (Соопштенија): ЈАВЕН ПОВИK за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Општина Цент

објавено во Општински вести | 0
Центар (Соопштенија): ЈАВЕН ПОВИK за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Општина Цент

ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ

Врз основа на Законот за здруженија и фондации(„Службен весник на Република Македонија” бр. 52/10, 135/11 и 55/16)и Програмата за Локален економски развој на Општина Центар – Скопје за 2026 година, точка 4, Општина Центар-Скопје објавува

за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година, наменети за финансирање на проектStreet foodвикенд

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година, наменети за финансирање на проект Street food викенд, ќе се врши во согласност со Правилникот за постапката и начинот на распределба на финансиски средства од Програмата Локален економски развој на Општина Центар-Скопје и врз основа на критериумите и приоритетите што се наведени во овој повик.

Средствата од Буџетот на Општина Центар-Скопје ќе се користат за финансирање наStreet foodвикенд,односно за организација и реализација на викенд (петок-недела) настан на отворено.

Основна цел на проектот е промоција на угостителите и производителите на храна од општина Центар, како и создавање можност на граѓаните за дегустација на локално подготвена храна на отворено.

Во рамки на проектот треба да бидат опфатени:

Здруженијата и фондациите треба да понудат креативени и иновативен проект со осмислени програми и содржини што може да се имплементираат во рамки на Street food викендот на Општина Центар-Скопје.

Реализацијата на настанот е планирана за втората половина на мај или првата половина на јуни 2026 години (во случај на неповолни временски услови, настанот може да се помести најдоцна до октомври 2026 година).

2. Прeдвидени средства

За финансирање на понудените програмски активности, во согласност со овој Јавен повик, ќе се користат средства во износ од 600.000 денари планирани во Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година.

3. Доставување извештај

Здружението на кое ќе му бидат доделени средства во согласност со овој Јавен повик, Програмата за локален економски развој и Правилникот запостапката и начинот на распределба на финансиски средства од Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите на Општина Центар-Скопје за 2026 година по завршувањето на оваа програмски активности имаат обврска да достават Извештај за користењето на средствата до Секторот за Локален економски развој на Општина Центар-Скопје.

4.Право на учество и критериуми

Право на учество во Јавниот повик ќе имаат здруженија со седиште на територијата на Општина Центар-Скопје како матична општина каде што физички ќе се реализира проектот, а кои ги исполнуваат следниве критериуми:

– да се регистрирани како здружение во согласност со Законот за здруженија и фондации, со седиште во Општина Центар-Скопје;

– да имаат активна трансакциска сметка и активен статус на дејствување од најмалку 3 (три) години;

– да дејствуваат на територијата на Општина Центар-Скопје;

– да имаат искуство во организација на настани (минимум 2 годишно) односно минумум 6 организирани настани;

– да имаат досега успешно реализирани средства добиени по Јавен повик

– да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес.

5. Потребна документација што здружението/фондацијата треба да ја достави со Пријавата за финансиска поддршка на здруженија и фондации.

Здруженијата и фондациите што учествуваат во Јавниот повик треба да достават:

Напомена: Пријавата за финансиска поддршка е достапна на веб-страницата на Општина Центар-Скопје (www.opstinacentar.gov.mk). Пријавите со нецелосна документација или пријавите што ќе бидат доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.

6. Рок и начин на доставување на пријавите.

Рок за поднесување на пријавите е 7 (седум) дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Центар-Скопје.

Пријавата со целокупната документација може да се достави преку пошта на адреса:

Општина Центар-Скопје

ул. „Михаил Цоков“ бр.1

или во Архивата на Општина Центар-Скопје (барака 6) од 9.00 до 15.00 часот.

Здруженијата и фондациите учесници во Јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по објавувањето на Одлуката за распределба на средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година наменети за финансирање на проект Street food викенд.

Називот на здружениети што добило средства за овој проект ќе биде објавено на веб-страницата на Општина Центар-Скопје (www.opstinacentar.gov.mk).

ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ

Д-р Горан Герасимовски


Извор: Општина Центар