Центар (Соопштенија): ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка за поправка и санација на постојни кровни кон

објавено во Општински вести | 0
Центар (Соопштенија): ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка за поправка и санација на постојни кровни кон

Врз основа на Правилникот за реализација на проект „Субвенции за замена на покриви и поправка на лифтови“ под бр.08-2698/36 од 24.04.2026година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 5/26), Програмата за комунални дејности на Општина Центар-Скопје за2026година, потпрограма ГДО – Субвенции за замена на покриви и поправка на лифтови, под бр.08-6365/18од24.12.2025година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 15/25), донесена од Советот на Општина Центар-Скопје, Општина Центар-Скопје објавува:

за финансиска поддршка за поправка и санација на постојни кровни конструкции и постојни лифтови во станбени згради на подрачјето

на Општина Центар-Скопје

1.1. Предмет на Јавниот повик е пријавување на заинтересирани сопственици на заеднички делови на колективни станбени згради управувани од управител на станбени згради или од заедница на сопственици од подрачјето на Општина Центар-Скопје за поправка,санацијаи реконструкција на постојни кровни конструкции, постојни лифтови на станбени згради.

1.2. Јавниот повик се однесува на: финансиска поддршка за поправка на лифт за кој сотехнички преглед, извршен од овластено акредитирано независно правно лице,е утврдено дека е технички неисправен и/или за модернизација на лифтови и нивно усогласување со безбедносните барања и подобрување на безбедноста на постојните лифтови восогласност со Законот за техничка инспекција и Правилникот за користење лифтови и транспортери.Финансиската поддршка за поправка, санација и реконструкција на постојни кровни конструкции е насочена кон замена на постојните азбестни салонитни покривки, постоечките кровни покривачи и рамни кровови со еколошки на колективни станбени објекти под услови што се наведени во Јавниот повик.

1.3. Проектот се поддржува со финансиски средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје, Програма ГДО, во висина од 30 % од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 150.000,00 денари, за поправка, санација и реконструкција на постојни кровни конструкции и висина од 30 % од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 300.000,00 денари за поправка и санација на лифтови за секоја одобрена апликација, поднесена од заинтересирани сопственици на заеднички делови на колективни станбени згради управувани од управител на станбени згради или од заедница на сопственици. Сопствениците на посебни делови треба да ги обезбедат преостанатите финансиски средства во висина од 70 % од вкупниот износ од вредноста за реконструкција на постојни кровни конструкции и поправка и санација на лифтови.

1.4. Јавниот повик се реализира, односно селекцијата се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“.

2. ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИОТ ПОВИК

Право на учество во Јавниот повик имаат заедници на сопственици на станови во колективни станбени згради од подрачјето на Општина Центар-Скопје што ги исполнуваат следниве услови:

Право на учество во Јавниот повик имаат сите влезови поединечно, но треба да имаат регистрирано заедница на сопственици или избрано управител на станбена зграда.

При рангирањето на колективните станбени згради, кои ги исполнуваат наведените услови, како критериум е предвидено и целосна и навремена доставена документација.

3.  НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРИЈАВА

3. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ДВЕТЕ КАТЕГОРИИ

-Изјава заверена на нотар од подносителот на барањето (претседателот на заедницата на сопственици на посебни делови односно управителот на станбената зграда) дека нема користено финансиски средства за било која намена од Буџетот на општина Центар за субвенција во изминатите јавни повици објавени од страна на Општина Центар

Постапката за субвенционирање ќе се одвива во 2 (две) фази.

Во првата фаза, Комплетирање на потребната документација- Комисијата ги разгледува пристигнатите барања по редослед според датум и време на пристигнување, врши детален увид во доставената документација, изготвува листа на потенцијални баратели и ги известува барателите кои ги исполнуваат условите по повикот, со цел продолжување на понатамошната реализација на пoстапката

По комплетирање на прва и втора фаза Комисијата изготвува предлог до Градоначалникот за исплата на средства по јавниот повик.

По приложувањето на овие документи во Општина Центар, Општината ги префрла своите средства, како финансиска поддршка, на сметка на заедницата или на управителот на зградата.

4. РОК, АДРЕСА И НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА

4.1. Пријавите со целосна документација може да се достават во период од

10мај 2026 година до 30 јуни 2026година, односно до реализирање на финансиските средства предвидени во Буџетот на Општина Центар за 2026 година.

4.2. Пријавата и другата документација се доставуваат во затворен плик во Архивата на Општина Центар-Скопје, во барака 6, до Сектор за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина, секој работен ден во период од 9:00 до 15:00 часот или по пошта на адреса ул. „Михаил Цоков“ бр. 1, Скопје.

4.3. На пликот треба да е наведено „Јавен повик за финансиска поддршка за поправка и санација на постојни кровни конструкции и постојни лифтови во станбени згради на подрачјето на Општина Центар-Скопје“.

4.4. Архивата на Општина Центар-Скопје ќе ги евидентира примените барања со точно време на поднесување (датум, час и минута) заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

4.5. Нема да се разгледуваат пријавите со нецелосна документација или пријавите доставени по истекот на предвидениот рок.

НАПОМЕНА:Во случај кога е неопходен или се планира поголем зафат, т.е. реконструкција на кровна површина (при што се прави измена и се додава поголема кровна површина), треба да се почитуваат одредбите од Законот за градење и условите од урбанистичката планска документација.

Градоначалник на Општина Центар – Скопје

д-р Горан Герасимовски


Извор: Општина Центар