за пријавување на лица за членови на Партиципативно тело
од областа на урбанизмот на Општина Центар-Скопје
1.Предмет на јавниот повик:
Доброволно пријавување на лица за членови на Партиципативното тело од областа на урбанизмот на Општина Центар – Скопје чија улога е преку јавна работа: да ги следи состојбите во планирањето со давање иницијативи, мислења, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија и во постапките за изработување и донесување на плановите со разгледување на планските програми (врз чија основа се изработуваат плановите) и на нацртите на урбанистичките планови во нивната работна верзија согласно Законот за урбанистичко планирање за што следува надомест кој го утврдува Советот на Општина Центар – Скопје.
2. Услови за пријавување:
Пријава по овој јавен повик можат да поднесат сите заинтересирани физички лица, односно граѓани што имаат соодветно образование и стручност од областа на урбанизмот и/или локалната самоуправа со место на живеење во Општина Центар-Скопје.
3. Документи кои се поднесуваат:
-Пријава за член на Партиципативното тело од областа на урбанизмот на Општина Центар-Скопје (образецот е во прилог на повикот);
– Писмо за намера (пишан опис за интересот поради кој се аплицира);
– Изјава за давање согласност за располагање со лични податоци (образецот е во прилог на повикот);
– Изјава за прифаќање на условите по овој повик (образецот е во прилог на повикот);
– Релевантни писмени докази за исполнување на условите за учество од точка 2 на јавниот повик (копија).
4. Рок и место на поднесување на пријави:
Пријавите по јавниот повик со комплетната документација можат да се поднесат преку пошта на адреса: Општина Центар-Скопје, ул.Михаил Цоков бр.1, Скопје или во архивата на Општина Центар-Скопје секој работен ден од 09:00 часот до 15:00 часот, во рок од 30 дена од денот на објавување на јавниот повик на ВЕБ страната на Општина Центар-Скопје.
На пријавата да се наведе”Пријава по јавен повик на лица за членови на Партиципативното тело од областа на урбанизмот на Општина Центар-Скопје”.
5. Постапка по јавниот повик:
Постапката за избор на членови на Партиципативното тело по Јавниот повик ја спроведува Комисија формирана од Градоначалникот на Општина Центар-Скопје која доставува предлог за избор, по што Градоначалникот донесува решение.
ОПШТИНА ЦЕНТАР – СКОПЈЕ
Извор: Општина Центар