Центар (Соопштенија): ЈАВЕН ПОВИК за доделување на субвенции на младите жители на Општина Центар – Ско

објавено во Општински вести | 0
Центар (Соопштенија): ЈАВЕН ПОВИК за доделување на субвенции на младите жители на Општина Центар – Ско

За доделување на субвенции на младите жители на Општина Центар – Скопје, за полагање на возачки испит Б-категорија во авто школи на подрачјето на општина Центар – Скопје.

Општина Центар-Скопје распишува Јавен повикза доделување на субвенциии на младите жители на Општина Центар – Скопје, за полагање на возачки испит Б-категорија во авто школи на подрачјето на општина Центар – Скопје.

Јавниот повик е отворен од 01.01.2026 година и ќе трае се до исцрпување на средствата предвидени во Буџетот на Општина Центар-Скопје, односно до 31.12.2025година.

Соовој јавен повик ќе се субвенционираатсите младижители на општинаЦентар(со и без попреченост), кои во текот на 2026 година навршуваат 18и 19 години (родени во 2007 и 2008 година), како и оние кои во 2025 година навршиле 19 години (родени 2006), а уплатата за полагање на возачки испит ја извршиле во 2025 година.

Субвенцијата е во висина од10.000,00 денарисо вклучен ПДД, а се користи исклучителнозаполагање на возачки испит Б-категорија.

Субвенцијата може да се користи единствено за полагање на возачки испит во авто школи регистрирани на подрачјето на општина Центар.

Потребно да се достават следните документи:

Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на Општина Центар- Скопје, барака бр.6, од 09:00 часот до 15:00 часот.По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и субвенционирањето.

Правото на субвенција е еднократно.

За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број02/ 3203-600или на следните е-маил адреси:elif.idris@centar.gov.mk,anastazija.babulovska@centar.gov.mk.


Извор: Општина Центар