Врз основа на член36став (1) точка15и член 50 став (1) точка 4 од Законот за локалната самоуправа (”Службен весник на РМ” бр.5/02 и”Службен весник на РСМ”бр.202/24), член26-а, а во врска со член17-а, 17-б,17-в,17-г,17-д и17-ѓ од Законот за јавните претпријатија (”Службен весник на РМ” бр. 38/96,9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15,
39/16, 64/18 и 35/19 и”Службен весник на РСМ”бр. 275/19, 89/22, 274/22, 208/24и193/25), aво врска со Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите(”Службен весник на РСМ”бр.213/2024) и Одлуката за објавување на Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати,за избор на членови на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје бр. 08-525/36 од 29.01.2026 година, Градоначалникот на Општина Центар објавува
за пројавување на интерес за пријавување на кандидати, за избор на членови на надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје
Предмет на Јавниот повик е спроведување на постапка за избор на(3) тричленови во надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје (во натамошниот текст: надзоренодбор), со седиште на Бул. Гоце Делчев бр.14, чиј основач е Општина Центар.
Времетраењето на мандатот на членовите во надзорниот одбор изнесува (4) четири години, со право на уште еден последователен мандат.
Постапката ќе се спроведе согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите(”Службен весник на РСМ”бр.213/2024).
Право на учество имаат сите лица кои ќе пројават интерес за пријавување на кандидати кои ги исполнуваат условите предвидени во Јавниот повик.
Јавниот повик со сите услови ќе биде објавен на веб страната на Општина Центарwww.centar.gov.mkи на веб страната на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопјеwww.poc.mk.
За член на надзорниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
Членовите во надзорниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје, треба да имаат и соодветно работно искуство,и тоа:
Претседателот и членовите на надзорниот одбор на јавното претпријатие за секоја седница на надзорен одбор на која присуствувале имаат право на надоместок во висина до една третина од просечната нето плата на вработените во јавното претпријатие исплатена во претходната година.
Висината на надоместок за претседателот и членовите на надзорниот одбор на јавното претпријатие,со одлука го утврдува основачот на јавното претпријатие.
Задолжителни документи кои треба да бидат доставени како доказ за исполнување на условите за член на надзорниот одбор на на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје се:
Задолжителните документи кои ќе служат како доказ треба да бидат доставени во хартиена форма, во оригинал или копија заверена на нотар.
Постапката за селекција на членови на надзорниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје се состои од две фази и тоа:
Точниот датум, време и место на оддржување на интервјуто ќе бидат објавени на веб страната на Општина Центар:www.centar.gov.mk.
Јавниот повик се објавува на ден 09.03.2026 година и трае 5 (пет) дена, односно најдоцна до 14.03.2026 година.
Пријавените кандидати соодветната документација во хартиена форма,во оригинал или копија заверена на нотар заедно со пополнетаПријава на образец за пријавување(која е во прилог кон повикот) да ја достават до:
Aрхивата на ОпштинаЦентар, ул.Михаил Цоков бр. 1, Скопје, РС Македонија (со назнака:За Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на управен одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје), од 09:00 часот до 15:00 часот секој работен ден.
Незадоволните кандидати од изборот за членoви во надзорниот одбор на јавното претпријатие имаат право да поведат управен спор до надлежен суд согласно со Законот за управни спорови.
ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНАЦЕНТАР
Извор: Општина Центар