Центар (Соопштенија): ЈАВЕН ПОВИК бр. 01/2026 за избор на членови на Управен одбор на Јавното претприј

објавено во Општински вести | 0
Центар (Соопштенија): ЈАВЕН ПОВИК бр. 01/2026 за избор на членови на Управен одбор на Јавното претприј

Врз основа на член36став (1) точка15и член 50 став (1) точка 4 од Законот за локалната самоуправа (”Службен весник на РМ” бр.5/02 и”Службен весник на РСМ”бр.202/24), член 17 и17-а став(2)од Законот за јавните претпријатија (”Службен весник на РМ” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19и”Службен весник на РСМ”бр. 275/19, 89/22, 274/22, 208/24и 193/25), aво врска со Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите(”Службен весник на РСМ”бр.213/2024) и Одлуката за објавување на Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати,за избор на членови на Управен одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје бр. 08-525/32 од 29.01.2026 година, Градоначалникот на Општина Центар објавува

ЈАВЕНПОВИКбр. 01/2026

за пројавување на интерес за пријавување на кандидати, за избор на членови наУправен одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје

Предмет на Јавниот повик е спроведување на постапка за избор на(5)петчленови во управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје, со седиште на Бул. Гоце Делчев бр.14, чиј основач е Општина Центар.

Мандатот на членовите на управниот одбор е (4) четири години, со право на уште еден последователен мандат.

Постапката ќе се спроведе согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите(”Службен весник на РСМ”бр.213/2024).

Право на учество имаат сите лица кои ќе пројават интерес за пријавување на кандидати кои ги исполнуваат условите предвидени во Јавниот повик.

Јавниот повик со сите услови ќе биде објавен на веб страната на Општина Центарwww.centar.gov.mkи на веб страната на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопјеwww.poc.mk.

За член на управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:

Членовите на управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје, треба да имаат најмалку (5) пет години работно искуство,од кои:

Согласно член 19 од Законот за јавните претпријатија, Управниот Одбор, ги извршува следните работни задачи, одговорности, права и обврски и тоа:

Претседателот и членовите на управниот одбор на јавното претпријатие имаат право на месечен надоместок за својата работа, врз основа на присуство на седници на управниот одбор на јавното претпријатие.

Вкупниот месечен надоместок на претседателот и членовите на управниот одбор поединечно, не смее да го надмине износот од една половина од просечната нето плата на вработените во јавното претпријатие исплатена во претходната година.

Висината на месечниот надоместок за претседателот и членовите на управниот одбор на јавното претпријатие со одлука го утврдува основачот на јавнотопретпријатие.

Задолжителни документи кои треба да бидат доставени како доказ за исполнување на условите за кандидат за член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје се:

Задолжителните документи кои ќе служат како доказ треба да бидат доставени во хартиена форма, во оригинал или копија заверена на нотар.

Постапката за селекција на членови на Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје се состои од две фази итоа:

Точниот датум, време и место на оддржување на интервјуто ќе бидат објавени на веб страната на Општина Центар:www.centar.gov.mk.

Јавниот повик се објавува на ден09.03.2026 година и трае 5 (пет) дена, односно најдоцна до14.03.2026 година.

Пријавените кандидати соодветната документација во хартиена форма,во оригинал или копија заверена на нотар заедно со пополнетаПријава на образец за пријавување(која е во прилог кон повикот) да ја достават до:

Aрхивата на ОпштинаЦентар, ул.Михаил Цоков бр. 1, Скопје, РС Македонија (со назнака:За Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на управен одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје)од 09:00 часот до 15:00 часот секој работен ден.

Незадоволните кандидати од изборот за членoви во управниот одбор на јавното претпријатие имаат право да поведат управен спор до надлежен суд согласно со Законот за управни спорови.

Напомена:Пријавите кои содржат нецелосни податоци и некомплетна документација, како и тие што нема да бидат доставени во определениот рок, нема да бидат предмет на разгледување.

ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНАЦЕНТАР


Извор: Општина Центар