Врз основа на член 50 и член 63 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02) и член 39 од Статутот на Општина Струмица („Службен гласник на Општина Струмица„ бр 4/03, 2/06, 15/07, 2/10, 21/10, 1/15, 8/18, 16/19 и 29/19), а во врска потребата од реализација на поединечните активности од 2донесената Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на Локалниот економски развој и туризмот, поточно програмата G1 поддршка на ЛЕР во 2026 година, составен дел на Буџетот на општина Струмица за 2026 година, заверена во општинска архива под број 08-9689/1 од 29.12.2025 година објавена во „Службен гласник на општина Струмица бр 18/25“, Планот за реализација на поединечни активности од Програмата G1 Поддршка на ЛЕР во 2026 година, заверен во општинска архива под број 23-03/1од 15.01.2026год. и одобрената Иницијатива за започнување на поединечна постапка за реализација на активноста од страна на Градоначалникот, заверена под број 09-635/2 од 27.01.2026 година, соодветно на Одлуката за усвојување, односно извршување на Буџетот за 2026 година, донесена на седница на Совет на општина Струмица одржана на 26.12.2025 година, заверена во општинска архива под број 09-9653/1 од 29.12.2025 година, Градоначалникот на општина Струмица објавува:
Избор на Партнерска организација–економски оператор(правен субјект/организација– Консултант) заради реализација на Активноста 1.2.Креирање на дигитална алатка – Општинска база за собирање и ажурирање на податоци и информации од исклучителна важност за локалниот економски развој, туризмот и земјоделието на Општина Струмица за 2026 година одМерка бр 1Обезбедување одржлив економски развој и конкурентни инвестициски можности,дел од областаУнапредување и развој на локалната економија, составен дел наПрограматаG1 Поддршка на ЛЕР во 2026 година
Потреба на јавен повик
Заради потребата од исполнување-реализација наПрограмата за активностите на Општина Струмица во областа на Локалниот економски развој и туризмот, поточно Програмата G1 поддршка на ЛЕР во 2026 година,односно реализацијата наАктивноста 1.2. Креирање на дигитална алатка – Општинска база за собирање и ажурирање на податоци и информации од исклучителна важност за локалниот економски развој, туризмот и земјоделието на Општина Струмица за 2026 година, произлезена одМерка бр 1Обезбедување одржлив економски развој и конкурентни инвестициски можности,дел од областаУнапредување и развој на локалната економија и во таа насока потребата Општина Струмица и во наредниот период да ги унапредува и развива општинските политики (особено локалната економија како надлежност на Одделение за ЛЕР) во рамките на примената на нови дигитални алатки и можности, обезбедени врз основа на спроведени процедури со докази за транспарентно и отчетно спроведување на општинските процедури како процес, Градоначалникот на Општина Струмица преку надлежното одделение, објавува Јавен повикза избор на Партнерска организација – економски оператор (правен субјект/организација-консултант) заради реализација на планираната програмска активност во 2026 година од причини што Општина Струмица во целост е посветена на Унапредувањето и брзиот економски раазвој на локално ниво преку процесот на дигитализација како современа алатка за креирање и спроведување на општинските политики во функција на подобрување на животот и стандардот на граѓаните во локалната заедница.
Во таа насока, имајќи ги во предвид заложбите на општината да гради партнерства со останатите релевантни чинители на локално ниво (Институциите на системот, Бизнис заедницата и граѓанскиот сектор чија сфера на делување е унапредувањето на локалната економија и во таа насока туризмот и земјоделието ) надлежното одделение за ЛЕР во рамките на транспарентно спроведена процедурата за реализација на оваа потреба, нотирана како посебна активност, инкорпорирана во ПрограматаG1 Поддршка на ЛЕРво 2026 година, како дел од целокупната програма на Општина Струмица во областа на локалниот економски развој и туризмот за 2026 година, составен дел на Буџетот на општина Струмица за 2026 година, ја потврдува потребата преку Јавен повик да избереПартнер организација – економски оператор(правен субјект/организација– Консултант),со експертиза и стручност да помогне во реализацијата на активноста, односно во соработка со надлежното одделение да обезбедидигитална платформакоја ги содржи сите елементи на современа дигитална база на податоци и информации кои во иднина ќе бидат основа за новите напредни-реално остварливи општински политики, достапни и видливи за сите (институциите, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор) во функција на заеднички и партиципативен придонес во развојот на Општина Струмица.
Во рамките на спроведена законски административно и правна процедура да се избере Партнер организација – економски оператор со доволна експертиза, стручност и компетенции да помогне во креирањето, односно обезбедувањето надигитална платформакоја ги содржи сите елементи на современа дигитална база на податоци и информации за да создадеме услови за лесен и достапен увид во реалните фактички состојби кои се однесуваат на Локалната економија, туризмот и земјоделието за да секоја година планирањето го фокусираме на реалните проблеми и приоритети чија реализација со сигурност ќе потврдат напредок во економскиот развој на општината, нејзиното правилното функционирање и во таа насока правилното трошење на буџетските финансиски средства или парите од граѓаните со кои менаџира општината, воедно потврдувајќи :
И секако,планираните/предвидените финансиски средства воАктивноста 1.2. Креирање на дигитална алатка – Општинска база за собирање и ажурирање на податоци и информации од исклучителна важност за локалниот економски развој, туризмот и земјоделието на Општина Струмица за 2026 година одМерка бр 1Обезбедување одржлив економски развој и конкурентни инвестициски можности,дел од областаУнапредување и развој на локалната економија, составен дел на Програмата G1 Поддршка на ЛЕР во 2026 година во висина одвкупно 200.000,00 денарида се стават на располагање како трошок (паричен надоместок) за реализација на целиот процес од страна на избраната партнер организација-економски оператор.
Како субјекти кои можат да конкурираат на јавниот повик се определуваат правни субјекти/организации – Консултанти со докажани компетенции, стручност и искуство во изработката на дигитални платформи.
Подобност на подносителот на пријавата(апликант)
– Да бидат регистрирани како правни субјекти/здруженија на граѓани согласно Законот за трговски друштва / Закон за здруженија и фондации на Република Северна Македонија;
– Остварувањето на програмите и дејствувањето на правните субјекти/здруженијата на граѓани / фондации кои се јавуваaт на јавниот повик да се во рамките на Уставот и Законите на Република Северна Македонија.
– Во прилог на пријавата (документите) да имаат доставено:
Техничка и професионална способностза економскиот оператор
– економскиот оператор да има најмалку 5 годишно искуство во областа на дигитализацијата –дигиталната трансформација – изработка на дигитални платформи и решенија;
– економскиот оператор да има изработено најмалку 5 дигитални платформи;
-економскиот оператор да има тим за реализација на проектот, вработени лица во економскиот оператор, составен од:
Тимот за реализација на проектот мора да биде потврден со соодветни документи или CV
Техничка и професионална способностза членовите на тимот:
– Завршено високо образование од областа на информатиката и дигиталната трансформација
– Работен ангажман кај економскиот оператор (апликантот)
– Најмалку 5 години релевантно искуство во областа
– Способност за професионална соработка со тимови, институции и засегнати страни.
Во прилог на документацијата се приложуваат сите докази (CV, сертификати, дипломи, признанија и други релевантни документи)
– Апликантите кои имаат намера да се јават на Јавниот за 2026 година, може да се јават исклучиво како самостоен апликант и процесот да го водат исклучиво согласно Методологија (предлог решението) и План за реализација, доставена во прилог на целокупната документација;
– Апликантите не смеат да делегираат обврски на други лица или организации кои во нивно име ќе го спроведуваат процесот
-Не смеат од општинските финансиски средства кои се ставаат на располагање за таа намена да плаќат трошоци или хонорари на други лица надвор од вклучениот – прикажан тим уште во самата апликација
Времетраење на реализацијата на партнерската соработка
Партнерската соработка ќе се дефинира во рамките на Договoр за партнерска организација помеѓу општината и избраниот економски оператор по предходнo спроведена процедура – именуван со Решение од Градоначалникот на општина Струмица за период од 8 месеци распореден во три фази на временски период:
– изработка на дигитална платформа
– полнење-ажурирање на податоци и информации во соработка со надлежните општински служби
Процесот го води избраниот економски оператор се до завршување на целиот планиран период на реализација.
Начин на достава на Проектната документација
Пополнетите апликации со целосната задолжителна документација мора да се поднесат како„пакет“кој содржидве (2) целосни и идентични печатени копии на сите документи погоре наведени и една електронска копија (на CD или USB),по препорачана пошта или лично, во запечатен плик, во општинската архива на следната адреса:
улица: „Сандо Масев“ бр 1,2400 Струмица
За да бидат прифатени пријавите, апликантите мора целокупната документација како поднесок да ја достават до општината, лично или по препорачана пошта,во запечатенединечен пакет-пликво работни денови(понеделник до петок),помеѓу08:00и16:00часот.
На предната страна на пликот во горниот лев агол да стои: „Не отварај“, а во долниот десен агол да стои: Назнака „ЈАВЕН ПОВИКза Избор на Партнерска организација–економски оператор(правен субјект/организација) заради реализација наАктивноста 1.2.Креирање на дигитална алатка – Општинска база за собирање и ажурирање на податоци и информации од исклучителна важност за локалниот економски развој, туризмот и земјоделието на Општина Струмица за 2026 година, произлезена одМерка бр 1Обезбедување одржлив економски развој и конкурентни инвестициски можности,дел од областаУнапредување и развој на локалната економија, составен дел наПрограматаG1 Поддршка на ЛЕР во 2026 година
Крајниот рок за поднесување на апликациите(комплетната документација) е30 (триесет дена), сметан и денот на објавување на јавниот повик на општинската веб страница!
Апликациите – пријавите кои ќе пристигнат по зададениот рок по пошта ќе бидат разгледани само доколку на поштенскиот печат стои датум на испраќање кој е пред официјалниот краен рок.
Апликациите – пријавите кои ќе бидат испратени на друг начин ( е-маил) или кои ќе бидат испорачани на друга адреса нема да бидат земени предвид.
Други важни информации
Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.Апликациите кои ќе пристигнат по пошта по крајниот рок за аплицирање ќе бидат разгледани само доколку на поштенскиот печат стои датум на испраќање кој е во рамките на официјалниот краен рок.Применатадокументацијанесевраќа!
Во прилог линк од јавниот повик:ЛИНК
Изработила:Софче Јанева
Контролирал: Тони Милушев
Одобрил:Никола Годев
Извор: Општина Струмица